
Кои сме ние
ЕнергијаНова активно работи на развој, дизајнирање и спроведување на мерки и активности кои придонесуваат за справување со последиците од климатските промени и примена на ефективни мерки за енергетска ефикасност.
Изминатите 18 години беа спроведени голем број на активности од оваа област, и со формирање на експертски тим и почеток на Енергија Нова, развиваме стратегија, градиме капацитети и имплементираме активности применувајќи современи методи и техники.
Членови на експертски тим на Енергија Нова
Дарко Спировски
|
Координатор на експертска група Енергија Нова – вработен на универзитет на Југоисточна Европа како раководител на сектор за одржуавање. Дарко Спироски е раководител на експертската група со долгогодишно искуство во развој и имплементација на програми за енергетска ефикасност, развој на климатски акциони планови и други активности. |
Сретен Коцески | Сретен Коцески е вработен во Здружение институт за развој на заедницата како застапник и има 20 годишно работно искуство во непрофитни организации на програми развиени од домашни и меѓународни меѓувладини организации и институции.
|
Мерита Максути
|
Работно ангажирана на програми за непрофитни организации и предавач на факултет за архитектура на Државен универзитет во Тетово.
|
Игор Ристовски | Работно ангажиран во здружение АДОРА Тетово како раководител на сектор за инфроматичка технологија. Од посебен интерес му се програми за примена на информатичка технологија за енергетска ефикасност.
|
Димче Јанковски
|
Консалтинг услуги за издржливи енергетски набавки по разумни цени за бизнис конзументи со минималнo влијание врз околината. Искуство во PVPP – развој, мерење и дистрибуција на енергија. |
Кирил Ристоски
|
Работно ангажиран во АДОРА-Тетово. |
Светлана Сиљјановска | Работно ангажирана во ИРЗ-Тетово. |